
Македонија продолжува со подготовките за двата пријателски натпревари кои ќе ги одигра против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево и против Турција во Истанбул на 31 мај.
Во репрезентацијата се врати Јован Манев, кој вели дека е уверен оти сите ќе го дадат максимумот на овие два натпревари.
ИЗЈАВА Јован Манев (цела изјава) имаш на почеток шест секунди инсерти на почеток од видеото
„Нè очекуваат натпревари против квалитетни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Подготвени сме да го дадеме максимумот, без разлика дали станува збор за пријателски натпревар или натпревар за бодови. Такви поделби не постојат кога се игра за репрезентацијата, затоа што секој натпревар е исклучително важен. Уверен сум дека сите ќе го дадеме максимумот на овие два натпревари и се надевам на победи. Самото тоа што БиХ и Турција се квалификуваа на Светско првенство покажува дека станува збор за репрезентации со голем квалитет, но тоа нема да значи ништо ако ние бидеме на вистинското ниво и го дадеме максимумот на теренот. Им честитаме за пласманот на Светското првенство, но ние одиме таму да дадеме сто проценти и да победиме. „Селекторот ќе го има главниот збор, а наше е да ги испочитуваме неговите барања, да ги реализираме задачите што ќе ни ги постави и да дадеме сè од себе за да оствариме победа“, додаде македонскиот дефанзивец.
Фудбалерот на Нови Пазар истакнува дека за него претставува чест што повторно е дел од националниот состав и порача дека Македонија ќе оди на победи на двата натпревари.
Александар Ванев, М-Нет