Авионско третирање против комарци в четврток ќе спроведе Општина Карбинци на повеќе локации низ општината

Авионско третирање против комарци в четврток ќе спроведе Општина Карбинци на повеќе локации низ територијата на општината, со цел намалување на бројот на комарци во пресрет на летната сезона. Акцијата ќе се реализира во раните утрински часови, од 5 до 8 часот, а ќе бидат опфатени околу 300 хектари долж речното корито на Брегалница, оризовите полиња кај Крупиште и неколку речни текови во општината. Од локалната самоуправа апелираат до пчеларите навремено да ги затворат кошниците за да се заштитат пчелните семејства од влијанието на средството со кое ќе се врши третирањето. Во случај на дожд или неповолни временски услови, акцијата ќе биде одложена за наредниот ден.

„Третирањето ќе се извршни на површина на површина од 300 Ха и тоа:


200 Ха (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од река Злетовска до селото Чардаклија), односно стар Караорман во должина околку 10 Км.


30 Ха оризни полиња под село Крупише


25 Ха по течението на Таринска/Раданска река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот на река Брегалница до над село Радање.


20 Ха по течението на Козјачка река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот на река Брегалница до над село Козјак, и


25 Ха по течението на Аргуличка/Црвулска река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот на река Брегалница до над село Аргулица.“, велат од општината




Се известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на плените семејства.


Во случаи на врнежи, прскањето ќе се одложи за наредиот ден.

Иван Митев, М-Нет