
Без субвенции остануваат тутунопроизводителите од отплачковичките села на крајот од месец мај. Револтирани велат дека иако се очекувало исплатата да стигне навреме, сепак парите на крајот од мај се уште ги нема, а работата на нивите одамна е завршена. Се жалат дека со скапа нафта, поскап материјал и ниски откупни цени, тешко се покриваат основните трошоци. Годинава се намалува и бројот на тутунопроизводители, а оние што се уште се одлучуваат да садат, тоа го прават на само неколку декари
,,Како не, кој не е револтиран. Сите планирале до мај да земат субвенции, а веќе мај помина нема ништо. Не само за тутунот, за се нема субвенции. Само за овците исплатија, а за другото нема, житарица нема, за крави нема. Народот очекува да земе субвенции, а што ќе земе, кога лани беше 120 денари, сега 80 денари. Се е качено, а субвенциите наместо да растат, тие се намалуваат. Нафтата лани беше поевтина, сега 100 денари, да се каже. Без нафта не можеме да работиме. Почнаа да се откажуваат лугето, да бегаат од селото, останавме од цело село, дали ќе имаме 20 тона тутун, а порано имавме 60 тона. Лани да речам ако некој е садел 20 декара, сега сади само 5 декари и оди на работа.“, вели Ибраими
Според потпретседателот на асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов, дел од субвенциите за одредени гранки се веќе исплатени, но голем број земјоделци, меѓу кои житарици, сточари и тутунари, се уште чекаат пари. Тој вели дека со приближувањето на жетвата и новата сезона на тутунот, средства станува се поголем проблем за земјоделците.
,,Моментално некои субвенции се пуштени, да речеме околу долгогодишните насади, лозарството, мегутоа се уште нема субвенции за житарицата, нема за свињите, кравите, млекото, за тутунот и така. Не само за тутунарите, проблем е веќе и жетвата која стасува наскоро. На лугето им требат пари за жетва, така да еве веќе и тутун почна да се сади. Од министерстовто ветуваат дека во секој момент ке ги пуштат, мегутоа се уште нема субвенции. Па најверојатно чекаат да помине ребалансот на буџетот и тогаш да бидат пуштени. “, вели Серафимов
Според Серафимов, најавувите се дека исплатите ќе следуваат во секој момент, но засега земјоделците се уште чекаат. Дел од нив се надеваат дека средствата ќе бидат пуштени по ребалансот на буџетот. Во меѓувреме, со наближување на жетвата и новата сезона на тутунот, финансискиот притисок станува се поголем.
Иван Митев, М-Нет