
Драматичната завршница во домашниот фудбал донесе конечна разврска околу баражите за опстанок и пласман во Првата македонска фудбалска лига. Екипите на ФК Пелистер и ФК Брера ќе играат бараж-натпревари против ФК Шкендија Арачиново и ФК Скопје за место во елитата следната сезона.
Битолчани успеаја да ја завршат сезоната на осмата позиција откако пред своја публика славеа минимално против ФК Башкими со 1:0. Херој на Пелистер беше Србијанац, кој во 24. минута ја затресе мрежата и донесе огромна победа за својот тим.
Претходно, Ристовски веќе се израдува на погодок, но по ВАР проверка истиот беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме Пелистер сигурно го контролираше резултатот, создаде уште неколку опасни ситуации, но конечните 1:0 беа доволни за големо олеснување во Битола.
Во исто време, ФК Брера приреди вистинска голеада против ФК Шкупи, победувајќи со убедливи 6:0. И покрај идентичниот број бодови со Пелистер – по 40, струмичани останаа деветти поради послаб меѓусебен скор.
За Шкупи сезоната заврши катастрофално. Тимот од Чаир го освои последното место со само еден бод и неверојатни 130 примени голови – статистика што долго ќе се памети во македонскиот фудбал.