За 90 денари поевтинија црешите во Штип, купувачите бараат уште поевтино, продавачите тврдат оти се е поскапено

За цели 90 денари падна цената на црешите на штипскиот пазар за само седум дена. Минатиот петок килограм се продаваше за 220 денари, сега на дел тезги цената падна и на 130 денари. Производителите од штипско Караорман велат дека ова е реална цена и за нив и за купувачите. Тетка Билјана, која продава на пазарот, раскажува дека за само неколку часа продала две кофи цреши. Вели дека годинава цената е повисока, имајќи предвид дека се е поскапено, од препарати до гориво. Дел граѓани црешните ги купуваат за јадење, а дел за раздавање за претстојната Задушница.

,,130 денари, јас толку ги давам. Па сега спрема стандардот, лани беше поевтино, ама сега мора да е поскапо, се е скапо. Барат ја, од утрово продадов двек кофи.“, вели Билјана

Иако пад на цената на црешата има на дел тезги, сепак повозрасните на терен велат дека ќе чекаат поголемо поевтинување, бидејќи нивните примања сепак според нив се ниски.

Инаку, минатата година, цената на првата цреша достигнуваше и до 300 денари за килограм. Имајки превид пролетниот мраз, оваа година цената е многу пониска, а се очекува да опадне во текот на следните петоци.

Иван Митев, М-Нет