
Со пригоден рецитал и положување свежо цвеќе пред спомен обеделжјето на Светите браќа Кирил и Методиј утре во Штип ќе се одбележи празникот 24 мај, Свети Кирил и Методиј. Настанот ќе биде збогатен со пригоден говор, за ликот и делото на светите браќа, како и она што тие го направиле и оставиле за идните генерации. Настанот, како што информираат од Општина Штип, ќе се одржи со почеток од 10 часот, кај споменикот на овие двајца просветители, кој се наоѓа веднаш наспроти соборниот храм Свети Никола во градот. По одбележувањето овде, празникот продолжува да се слави во населбата Баби во Штип, во црквата посветена токму на овој празник. Таму е предвидено да има и ручек за сите оние кои што ќе се поклонат пред иконата на светите браќа.
Свети Кирил и Свети Методиј се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил. Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описменило словенските народи.
Иван Митев, М-Нет