
Кафето и чајот се дел од секојдневието, но секој човек има свој ритам и навика кога станува збор за пиење. Граѓаните кои водат здрав начин на живот и се занимаваат со спорт, велат дека преферираат салеп, чај или какао и велат дека тоа им е сосема доволно за енергија. Истите сметаат дека чаевите се поздрав избор од кафето, кое го споредуваат со зависност.
Некои од граѓаните велат дека пијат кафе во мали количини, со минимално шеќер и кафе.
„Па многу пати и не пијам, на пример чај на сабајле повеќе и тоа е се. Да ти кажам чаевите се многу подобри од кафето. Кафето како кафе е не знам, како цигарите зависно. Промашам, некое сабајле, мажот ми пие повеќе, јас си ставам малку. Мажот ми пие кафе со една лажица кафе, една лажица шекер, јас пола.“, велат анкетираните
Анкетираните се децидни дека колку кафе се пие зависи од човек до човек, од умерено до секојдневно уживање без граници.
Дајана Сандева, М-Нет