Намалени цени на пазарот во Штип, најбарани модрите домати

Намалени цени на дел производи на денешиот пазар во Штип, граѓаните најмногу бараа модар домат. Иако намалување имаше речиси на секоја тезга, сепак пазарџиите велат дека цената е сепак висока, бидејќи слаби се месечните примања. Не е лесно да се работи, уште повеќе не и да се купи, додаваат тие, со надеж дека во предстојниот период производите ке бидат достапни за сечиј џеб.

Продавачите од штипско, велат дека побарувачката е овој петок е голема, се бара од се, а особено велат се троши модриот домат.

Инаку, овој петок беше намалена цената на црешата, а се среќаваше дури за 130 денари за килограм. Се продаваше и домашен расад за во бавча, многу бардачиња за предстојната Задушница, како и домашни свежи јајца.

Иван Митев, М-Нет