Македонска Каменица во тага: Почина бодибилдинг шампионот Бошко Стаменковски – Боле


Македонска Каменица денеска се простува од Бошко Стаменковски – Боле, човекот кој со години беше симбол на спортскиот дух, бодибилдингот и посветеноста кон својот роден град.
Тажната вест за неговата смрт предизвика голема болка кај семејството, пријателите и сограѓаните, кои се збогуваат со човек што остави длабока трага во спортскиот и урбаниот живот на градот.
Стаменковски беше препознатлив по својата ведрина, истрајност и огромна љубов кон спортот, а преку своите успеси успеа името на Македонска Каменица да го претстави и надвор од границите на Македонија.
Од него со емотивни зборови се прости и неговата сестра, градоначалничката Соња Стаменкова.
„Замина шампионот, но засекогаш ќе остане гордост за своето семејство, за Македонска Каменица, светот и за сите што го познаваа“, напиша таа во својата објава.
Бошко Стаменковски зад себе остава спомени за еден голем човек, спортист и пријател, кој со својата енергија и харизма беше инспирација за многумина.