Виктор Ангелов најдобар стрелец во Втора лига, Костадин Капсаров со најмногу голови кај Брегалница

На едно коло до крајот во Втората македонска фудбалска лига најдобар стрелец дефинитивно ќе биде Виткор Ангелов, кој за Скопје досега успеа да постигна 22 погодоци.

Втор најдобар стрелец е Азис Јамини, кој за Тетекс постигна 17 погодоци, а по 16 гола имаат штипјанецот Иван Глигоров кој игра за Охрид, како и Стефан Јовановски кој настапува за Новаци. Кај Осогово прво име е Филип Димоски кој има 15 погодоци, додека пак со по 14 погодоци се Сашо Дуков од Детонит Плачковица и Фикрет Љиварека од Шкендија Арачиново.

Со трите погодоци кои Костадин Капсаров ги постигна за Брегалница против Осогово, успеа да се пробие од неколку позиции на листата на најдобри стрелци, па така Капсаров е прво име за Брегалница со 13 погодоци, колку што има и Тони Мичковски од Детонит Плачковица.

В сабота ќе бидат одиграни натпреварите од последното 30. коло, па со некој погодок може да има некоја промена на листата на стрелци, но Ангелов, никој не го стига.

Александар Ванев, М-Нет