
Спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ која се реализира од страна на Сојузот на училишен спорт на Штип, а со поддршка од општина Штип влегува во самата завршница за оваа учебна година.
Утре, ќе бидат реализира нова спортска активност односно планинарење на планината Плачковица, а интересот одново е голем.
Планинарењето за првпат годинава се воведува во рамки на третото издание на оваа спортска манифестација, а целта е децата да се насочат кон спортот, да бидат физички активни, а преку воведувањето на планинарењето децата ќе се запознаат со природата и истата да ја чуваат.
На утрешното планинарење ќе бидат опфатени околу 50-тина ученика, што е потврда за интересот од нивна страна.
Пополека самата програма на спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ влегува во својата завршница, а во петок Штип ќе биде домаќин на Плазма спортски игри за млади, меѓународен спортски настан, кој ќе биде најголем и најмасовен во градот под Исарот, со спортски игри во повеќе спортски сали низ градот, а почетокот ќе биде кај Градскиот стадион во 10:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет