ФОТО: Граѓани реагираат – започна паркирањето на коловозот на булевар „Партизанска“ во Штип


Жители од Штип повторно реагираат за, како што велат, секојдневниот хаос со непрописно паркирани возила на новиот булевар „Партизанска“. Според реакцијата испратена до нас, автомобили редовно се оставаат на коловозот, со што се попречува нормалното движење и се загрозува безбедноста во сообраќајот.
Граѓаните тврдат дека проблемот бил повеќепати пријавуван.
„Пред куќите им направија паркинг, а возилата ги оставаат речиси на сред булевар и никој не реагира“, стои во пораката од револтиран граѓанин.
Жителите бараат почести контроли и санкции за несовесните возачи, со цел да се воведе ред и да се спречат можни сообраќајни инциденти на една од поновите и пофреквентни сообраќајници во градот.