
Анкица Манасиевска – нов в. д. директор на ОУ „Никола Карев“ Со решeние за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Манасиевска, која е долгогодишен одделенски наставник во ОУ „Никола Карев“, ќе ги врши работите до именување нов директор, не подолго од шест месеци од денот на именувањето. На предавањето на решението, градоначалникот ѝ посака успех во менаџирањето и во реализацијата на воспитно-образовниот процес. Манасиевска се заблагодари за довербата за оваа одговорна функција, истакнувајќи дека ќе ја оправда со зачувување на добрата клима за работа во училиштето и со учениците во наставата. Анкица Манасиевска доаѓа на местото на Александар Андов, чиј мандат престана заклучно со 6 мај 2026 година, на негово барање.
Иван Митев, М-Нет