Ќе се разгледуваат понудите за доизградба на КБ Штип и изградба на медицински факултет, најави премиерот Мицкоски

Наредната недела ќе се разгледуваат понудите од компаниите што треба да ја финансираат доизградбата на новата Клиничка болница во Штип, како и изградбата на новиот објект на Факултетот за медицински науки и студентски домот, кои ќе бидат лоцирани во непосредна близина на овој капитален здравствен проект што штипјани го очекуваат повеќе од една деценија

-Што се однесува до проектите поврзани со здравството знаете дека тие се дел од стратешкото партнерство со Обединетот Кралство. Министерството за финансии веќе имаше меѓународен повик, на кој што бараме компанија, која што ќе ги финансира тие проекти, а практично гаранција ќе издаде ЕКСИМ банката на Обединетото Кралство. Тој повик веќе е завршен ги имаме понудите и веќе во следната недела ќе ги анализираме-изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека по завршуцањето на евалуацијата и изборот на финансиска институција, ќе продолжи реализацијата на проектите.

-Така што по завршувањето на евалуацијата и изборот на финансиска институција продолжуваме со реализација на овие проекти-подвелече Мицкоски.

Инаку, пациентие од Истокот се лечат неколку децеии во стар објект и истите објектот го очекуваат над 10 год. Предвидено е во истиот да има совреме услови за лекување и хосптиализација на пациенти, а работниците да имаат хумани и освремени услови за работа .

Иван Митев, М-Нет