
Утре Штип ќе биде домаќин на детската трка „Децата под Исарот“, а на која ќе настапат дечиња на возраст од четири до 14 години. Покрај деца од Штип, на оваа детска трка која го има своето трето издание ќе учествуваат и деца од други градови од Македонија.
Утре се очекува да биде најмасовното издание на „Децата под Исарот“, многу среќа и насмевка кај сите дечиња, кои со нетрпение ја очекуваа утрешната трка.
Стартот на трката е пред гимназијата „Славчо Стојменски“ со почеток од 10 часот, а децата ќе бидат поделени во неколку групи. Децата од 4 и 5 години ќе трчаат заедно, потоа ќе има втора група за деца од 6 и 7 години, па група за 8 и 9 години, како и десет и 11 години, а во последната група ќе бидат најголемите деца од 12, 13 и 14 деца.
За дел од дечињата ова ќе биде нивна прва спортска активност, а Штип уште еднаш потврдува зошто е град на спортот и уште еднаш утре да се покаже како добар домаќин на сите дечиња.
Александар Ванев, М-Нет