Кочани ќе гостува кај Ас Јунајтед, Каменица Саса како фаворит против Вардар во гости

ФОТО: Александар Ванев

Утре се играат мечевите од 25. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото фудбалерките на Кочани ќе гостуваат во Струга, каде ќе се соочат со фаворитот Ас Јунајтед.

Каменица Саса како фаворит ќе гостува кај дебитантот Вардар по три бодови, а за „рударките“ оваа ќе биде можност за рехабилитација после тешкиот пораз во Куп финалето од Тиверија Брера со резултат од 5:0.

Лидерот и нов шампион Скопје на домашен терен ќе игра против ланскиот шампион Љуботен.

Речица на домашен терен под притисок ќе мора да ги освои трите бодови против „фенерџијата“ Топ Гол за потврда на директниот опстанок.

Дербито на колото ќе се игра во Струмица каде ќе се соочат Тиверија Брера и Истатов, во меч каде домашниот тим кој ја освои Куп титулата со убедлива победа од 5:0 над Саса е силно мотивиран за три бодови и да го задржи второто место, а пак Истатов доаѓа по три бодови за освојување на Струмица.

Александар Ванев, М-Нет