
Кафе во град и ручек во ресторан – сè поголем луксуз за граѓаните. Велат дека цените во кафеаните и рестораните постојано растат, па сè почесто бројат колку ќе потрошат пред да седнат на маса. Дел од анкетираните признаваат дека денес излегуваат многу поретко од порано. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април се зголемени за 0,6 проценти во однос на претходниот месец. Но, граѓаните велат дека поскапувањето многу повеќе се чувствува во нивниот џеб отколку во статистиката. Угостителите, пак, велат дека и тие се соочуваат со повисоки трошоци за работа и набавка.
Како што појаснуваат од ДЗС, цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %. Според информациите, за само еден месец храната поскапела 0.8 посто, алкохолот за 0,2, додека безалкохолните пијалоци за 0,1 процент.с
Иван Митев, М-Нет