За ден-два ќе почне испораката на вода за површините и во светиниколско и покрај проблемите со хидросистемот „Брегалница“

При крај е полнењето на оризовите ниви во кочанско и штипско, а веќе утре или задутре треба да тргне и првата вода кон Свети Николе. За два до три дена се очекува да се намали интезитетот на полнење, со што ќе се испочитува рокот од 15 до 20 мај. Во меѓувреме, акумулацијата „Калиманци“ располага со повеќе од 105 милиони кубни метри вода, што според надлежмоте. дава сигурност за сезоната. Сепак, најголем предизвик останува испораката на водата поради дотраениот и недоволно одржуван хидросистем „Брегалница“, стар повеќе од 50 години. Надлежните уверуваат дека и покрај проблемите, наводнувањето ќе се реализира според планот.

,,Во кочанскиот дел и дел од штипскиот што е под ориз, моментално се полнат полињата под ориз. За два до три дена ке смали интезитетот на полнење, така да оној оптимален рок што е за Свети Николе вода помеѓу 15 и 20 мај ќе го запазиме и ќе испорачаме вода кон Свети Николе. Ние првите количини најверојатно утре ќе ги испорачаме или задутре, да им го испреиме каналот и потоа можеме слободно да наводнуват.“, кажа Зашов

Иако хидросистемот Брегалница е стар и според Зашов неодржуван како што треба, сепак за М-Нет телевизија тврди дека успешно ќе завршни и оваа сезона.

,,Калиманци оди со 513 квота е, значи имаме повеќе од 105 милиона метри кубни вода. Oваа година ќе имаме проблем само со испорака на вода, бидејќи пред се да не заборавиме дека хидросистемот Брегалница е стар 50 години и неодржуван како што треба, но мислам дека успешно ќе ја завршиме приказната.“, вели Зашов

Според предвиденото, очекувањата се дека во следните денови вода ќе има и во светниколско, што значи дека потребите со водоснадувањето ќе бидат задоволени.

Иван Митев, М-Нет