Без субвенции оставени тутунопроизводителите од потплачковичките села, се жалат дека истите се дополнително намалени

На неисплатени субвенции за 2025 година се жалат тутунопроизводителите од потплачковичките села. Велат дека средствата сe уште не им се исплатени, а тие веќе се во подготовка за новата сезона и имаат големи трошоци. Според нив, доцнењето ги става во тешка ситуација, бидејќи неодамна им ,,изгоре“ и расадот за оваа година од ниските температури. Дополнително, реагираат и на падот на откупната цена на тутунот, која од 100 денари по килограм паднала на 80. Тутунарите бараат итна реакција од надлежните институции и навремена исплата, бидејќи во спротивно најавуваат дека дел од нив ќе се откажат од производството.

,,За тутун 2025 немаме субвенции, плус е намалена субвенцијата, но и тие ги немаме добиено, разочарани сме нема до каде.

Тутунарите бараат итна реакција од надлежните институции и навремена исплата, бидејќи во спротивно најавуваат дека дел од нив ќе се откажат од производството.

Согласно ситуацијата од асцоијата на земјоделци ја потврдуваат пониската цена на субенцијата, но велат дека, тутунопроизводите ќе имаат плус 6000 денари за хектар, освен субвенциите. Дополнително ќе им се нуди и нафта.

Иван Митев. М-Нет