Сите кои планираат да си ја пронајдат иднина надвор од Македонија да размислат многу внимателно, порача Мицкоски

Сите кои планираат да си ја пронајдат иднина надвор од Македонија да размислат многу внимателно, порача премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски тврди дека е свесен за недостатоците кои ги имаме, недостатоци кои се акумулирале со децении, но исто така е и убеден дека оваа Влада дава се од себе да исправи голем дел од истите.

„Мојата порака е кон сите оние кои што се обидуваат да пронајдат своја иднина надвор од границите на нашата татковина да размислат многу внимателно, дали тоа е навистина вистинскиот избор? Јас сум свесен дека ние како држава можеби имаме одредени недостатоци кои што се акумулирале со децении, но убеден сум дека оваа Влада дава се од себе голем дел од тие недостатоци да исправи системски но и суштински, правиме се што можеме, за жал имаме ограничени ресурски за тоа да го сториме, но важно е да не правиме дополнителнии системски недостатоци, а дел од наследените да ги решаваме и мислам дека сме прилично успешни во тоа, а секогаш може, се разбира, подобро. Јас како човек и како политичар верувам во семејните вредности, верувам во многудетни семејства, верувам во таква иднина, затоа што нема иднина, нема добар бизнис ако нема демографија и обратно. Така што тие два процеси се двонасочна улица и ние како Влада додека јас ја предводам ќе ги подржуваме тие политики.“- Христијан Мицкоски, премиер

Мицкоски вели дека верува во семејните вредности и смета дека нема иднина, нема добар бизнис доколку нема добра демографија и обратно.

Дајана Сандева, М-Нет