Оваа сабота во Кочани ќе се одржи 42 марш на ангелите


Оваа сабота во Кочани ќе се одржи 42 марш на ангелите. Како што се вели во соопштението маршот ќе започне со собир во 16:50 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, додека почетокот на истиот ќе биде во 17:05 часот. Инаку овој марш се совпаѓа со Денот на Европа и со Денот на победата над фашизмот. Организаторите се децидни дека овој марш е за вистината, за правдата која предолго ја чекаат и истакнуваат дека немаат право на откажување. Организаторите ги повикуваат граѓаните да излезат и да им се придружат.

Дајана Сандева, М-Нет