Минимален раст на храната, Владата очекува стабилизација

Цената на храната е зголемена под 1% во месец април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата кои ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат информираше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше и на новинарски прашања.

-Најмногу се зголемени транспортните услуги, тука се мисли на нискобуџетните кај авио превозниците-картите и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве-рече Мицкосцки.

Премиерот Мицкоски посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6%, Хрватска се движи околу 6%, Грција околу 5%.

-Така што нема како ние да останеме имуни на ова. Имајќи предвид минатата година овој период имавме и Велигденска кошница. Но, очекувам сето ова да се стабилизира во овој тековен месец и веќе од следниот месец да имаме инфалција, која што ќе биде под 4%, а доколку имаме стабилзирање на состојбите во Иран, во Заливот тогаш очекувам да дојдеме до оние бројки кои што до крајот на годината ќе бидат меѓу 2 и 3%-вели Мицкоски.

Прашан дали има опции за мерки и кои се, Мицкоски со одговор дека како Влада немаат голем простор за мерки, освен тоа да влијаат на Данокот на додадена вредност. Претседателот на Влада, Мицкоски образложи и дека ако се замрзнат цените и маржите, тогаш тие се прелеваат во другите месеци, а како што рече „тоа се покажа како лоша мерка“. Прашан дали може таргетирани мерки за одредени производи, Мицкоски потврди дека тоа веќе го прават и како пример ги посочи вешташкото ѓубриво и течниот природен гас.

-Така што имаме таргетирани мерки. Но, сакам да кажам и тоа е многу важно да се истакне, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ние како држава сме меѓу првите три согласно мерките, кои што ги аплицираме, како процент во ДДВ за време на оваа криза-подвлече Мицкоски.

Oчекувањата се дека во месецот пред нас ситуацијата ќе се стабилизира, и инфлацијата да биде под 4 проценти.

Иван Митев, М-Нет