Охрид го доби дербито со Алкалоид, Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер ќе биде нов шампион

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Оваа сезона во ракометната Супер лига конкуренцијата, квалитетот и борбата за титулата и излезот во Европа беа на највисоко ниво. Охрид е најголемо пријатно изненадување покрај обезбеденото финале од ЕХФ Купот, тимот конкурира за второ место кое ќе му донесе и настап во Лига Европа за следната сезона, а годинава шампион дефинитивно ќе биде Вардар.

Охрид успеа да го добие Алкалоид во дербито во Автокоманда со тоа „гладијаторите“ го држат второто место, а пак Алкалоид ќе заврши како четврт сезонава.

Вардар утре го игра дербито со Еурофарм Пелистер, кое доколку го добие ќе стане нов шампион на Македонија, а од друга страна битолчани кој ја загубија трката за одбрана на титулата ќе останат на третото место со минус два бодови од Охрид и полош меѓусебен дуел со „гладијаторите“.

До крајот Охрид ќе треба да игра со Вардар, потоа со Еурофарм Пелистер двете дербија на домашен терен, а сезоната ќе ја заврши со гостување во Кавадарци кај Тиквеш.

Битолачни ги очекува утрешното дерби со Вардар, потоа треба да играат со Бутел на домашен терен им следува гостување кај Охрид, а сезоната ќе ја затворат на домашен терен со Алкалоид во Битола.

Фокусот сега е на битката за второто место меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер.

Александар Ванев, М-Нет