
Со купување на јагнешко месо, штипјани веќе се спремаат за Ѓурѓовден. Цените остануваат речиси идентични како за Велигден, без поголеми промени во месарниците. Јагнешкото е неизоставен дел од трпезата и за двата празника и за Велигден и за Ѓурѓовден. По пазарите и месарниците има зголемена раздвиженост, бидејќи граѓаните навреме ги прават подготовките. Традицијата продолжува да се почитува, без разлика на цените и трошоците.
Иако традицијата предвидува да се купи јагне и да се подготви дома, сепак граѓаните велат новиот живот навиките ги менува. Наместо тоа, сега велат месарницата е опција.
Согласно ситуацијата, иако празникот годинава се паѓа во ден среда, кога според православната црква е ден за пост, како и петок, сепак многумина велат дека според традицијата на овој ден се јаде мрсна храна, што според нив не е погрешно. Иако дел граѓани решени да имаат јагнешко на трпеза, сепак друг дел согласни денот да го поминат во пост, бидејќи како што додаваат, среда и пето кза нив се строго посветени на пост и молитва.
Иван Митев, М-Нет