
Ланскиот прволигаш Мал Ајакс од Штип забележа триумф над Кратово во гости со резултат од 2:3, со што за тимот од градот под Исарот ова е втора победа во новата сезона.
За штипскиот тим стрелци беа Ангел Белчовски, Дарко Димитровски и Давид Тошев, а пак во финишот од средбата Драган Стефанов постигна два гола и само го ублажи поразот на Кратово.
Екипата на Фудбал Старс од Кочани доживеа тежок пораз во Кавадарци каде загуби од поранешниот прволигаш Црна Река со резултат од 8:3. За домаќинот ова беше прв меч во новата сезона, откако во првото коло беше слободен.
Каршиака ја декласираше Победа во Прилеп со 1:10, а пак ланскиот прволигаш Балкан славеше убедлива победа од 0:5 над Овче Поле во Свети Николе.
Во рамки на второто коло слободна беше екипата на Шутка 1.
Максимални шест бода за делба на првото место имаат Балкан, Каршиака и Мал Ајакс, по три бода имаат Црна Река со меч помалку и Фудбал Старс, без бодови остануваат Кратово, Шутка 1, Овче Поле и прилепска Победа.
Александар Ванев, М-Нет