Струга преку бараж ќе се бори за опстанок во Супер лига, Радовиш и натаму без бодови, Прилеп пресилен за плеј-аут!

ФОТО: Александар Ванев | АРХИВА

Струга и официјално ќе игра бараж за опстанок во ракометната Супер лига, за стружани ова е втор бараж во низа, откако и минатата година преку бараж го обезбедија опстанокот, тогаш совладувајќи го Мулти Есенс во Прилеп.

Тимот од градот на поезијата е претпоследен со девет бодови на своето конто, а во баражот Струга ќе игра многу извесно со Младост од Богданци кој е втор, освен ако лидерот Мулти Есенс до крајот во Првата лига не направи некоја грешка со која ќе биде симнат во врвот, па во такви околности Струга одново би играле бараж со тимот од Автокоманда и тоа ќе биде реприза на ланскиот бараж.

Радовиш и официјално пред неколку кола испадна од елитата и од следната сезона ќе игра во Првата ракометна лига, а тимот ја има најлошата сезона со биланс од 29 порази од толку натпревари и засега на три кола до крајот единствен без освоен бод.

Во плеј-аутот Прилеп завршува како лидер, а пак Еурофарм Пелистер 2 ќе биде втор, додека пак на третото место ќе заврши Пролет, а Куманово во плеј-аутот ќе биде четврт.

Александар Ванев, М-Нет