Прволигашот Тиквеш ја прекина соработката со цел стручен штаб

ФОТО: ГФК Тиквеш

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци преку соопштение информираше дека е прекината соработката со стручиот штаб. Како што се вели во соопштението во текот на вчерашниот ден по одржување на состанок на Акционерското друштво на ГФК Тиквеш, биле донесени одлуки со кои се раскинува договорот со шефот на стручниот штаб, Борче Христов, се раскинуваат договорит на асистентите тренери Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков, а посочено беше дека е раскинат договорот со спортскиот директор Љупчо Трајковски.

Исто така во соопштението е посочено дека од денес целокупното раководење со клубот ќе го преземе ко-сопственикот Цезар Браво, кој ќе раководи со клубот до крајот на актуелната сезона.

Преку соопштението беше посочено дека клубот и понатаму ќе продолжи да функцонира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачи на ГФК Тиквеш, со јасна цел – стабилност и напредок до крајот на сезоната.

Исто така, од клубот им се заблагодарија на шефот на стручниот штаб, неговите асистенти, како и спортскиот директор за досегашната соработка, при што им посакаа успех во иднина.

Александар Ванев, М-Нет