Кошаркарите на Струмица чекор напред кон Супер лигата, откако го совладаа Бутел

Кошаркарите на Струмица забележаа триумф од 84:69 нда Бутел и со тоа направи голем чекор кон влез во Супер лигата за следната сезона. Гостите парираа само во првата четвртина од мечот, а потоа струмичани беа супериорни и направија разлика со која убедливо го добија мечот.

Пандев имаше 21 поен, а пак Александровски 15 за Струмица, додека пак кај Бутел прв поентер беше Атанасов со 22 поени, а пак Киров имаше 15.

На слединот меч Бутел ќе биде домаќин, а оваа серија се игра во принципот – подобар од три натпреваари.

Инаку, Струмица до место во финалето стигна преку две победи над Борец Баскет, а пак Бутел во три меча со две победи и еден пораз преку штипски Соколи обезбеди место во финале. Само победникот обезбедува место во кошаркарската елита за следната сезона.

Александар Ванев, М-Нет