Штипскиот пожарникар Александар Горгиевски, самоиницијативно ја исчисти депонијата на ул. Трст

Сам и на сопствена иницијативна, штипскиот пожарникар Александар Горгиевски, вчера наместо со скара, денот го одбележа во чистење на мини депонијата на улицата Трст, после прилогот на М-Нет телевизија. Со своите две раце, проблемот на жителите одлучил проблемот да им го реши за кратко време. Како што соопштува тој на социјалните мрежи, кога се сака, се може и нема ништо невозможно. Покрај Александар, во изминатиот период, истото место го има исчитено и штипското комунално претпријатие Исар, но несовесноста кај одредени граѓани продолжи и понатаму. Од таму, апелираат граѓаните да бидат совесни и одговорни кон животната средина. Посочуваат дека правилното одлагање на отпадот е клучно за одржување на хигиената во градот. Надлежните најавуваат засилени контроли со цел да се спречи создавањето на диви депонии. Граѓаните, и натаму стојат со ставот, само строги казни се спасот за несовесните соседи. Само со заедничка одговорност, додаваат може да се стави крај на ваквите појави.

https://www.youtube.com/watch?v=iVApEjComZU

Иван Митев, М-Нет