Шкендија Арачиново преку Вардар Неготино ќе се подготвува за дербито во Штип

Шкендија Арачиново стигна до трите бодови на тешко гостување во Гевгелија славејќи со минимални 0:1.

Голманот Антонио Столевски во изјава за М Нет телевизија вели дека мечот во Гевгелија бил многу тежок, но сега им следува полесен меч против Вардар Неготино на домашен терен, по што им доаѓа гостување во Штип против Брегалница, Столевски вели тоа ќе биде меч како финале.

27-то коло носи две дерби пресметки во Струмица меѓу Беласица и Брегалница и во Автокоманда меѓу Скопје и Охрид, а од оваа коло најмогу може да добие и Шкендија Арачиново, како што вели Столевски во Штип мечот со Брегалница ќе им одлучува за влез во Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет