
Реми со четири погодоци за делба на бодовите – дербито во Македонска Каменица меѓу Саса и Истатов заврши без победник откако двете екипи одиграа 2:2, во рамки на 27. коло на Првата женска фудбалска лига.
Гостинот го отвори резултатот за водство од 0:1, а потоа „рударките“ го свртеа резултатот за водство од 2:1. До крајот на мечот Истатов успеа да го израмни резултатот на конечните 2:2.
Лидерот и нов шампион Скопје без проблеми славеше против екипата на Кочани, а резултатот од овој меч беше висок триумф од 1:6. Единствениот меч без погодоци беше тој меѓу Речица и Вардар, двете екипи одиграа 0:0.
Тиверија Брера уште една го декласираше инфериорниот Топ Гол со резултат од 1:9, а пак Љуботен дома со 4:2 го доби Ас Јунајтед.
На првото место е Скопје со 63 бодови на своето конто, Тиверија Брера е втора со 48 бодови, а пак Љуботен е трет со 46 бодови. Истатов е на четвртото место со 45 бодови, а пак Каменица Саса е петта со 37 бодови, а пак Ас Јунајтед е шести со 34 бодови.
На седмата позиција е Вардар кој има 16 бодови, осма е Речица со 12 бодови, па сега останува трката за опстанок преку бараж, а истата ја водат Кочани кој е претпоследен со седум бодови и Топ Гол кој е на дното со четири бодови.
Александар Ванев, М-Нет