
Утре во Гевгелија ќе се одигра финалето од футсал Купот на Македонија меѓу екипите на Проект и Кеги Моби, ова ќе биде соочување на Проект кој е нов шампион на Македонија и сака обединување на двете титули односно покрај освојувањето на шампионската титула, сега да се освои и Куп титулата.
Проект оваа сезона е единствениот тим кој нема ниту пораз, ниту реми, едноставно игра во победничка форма и засега нема тим кој може да го запре.
Кеги Моби ќе го предизвикува Проект, тимот од Велес во Првата футсал лига се бори за второто место на едно коло до крајот, а во големото финале ќе го очекува голема борба за Куп титулата.
На двете досегашни соочување во шампионатот Проект беше убедливо подобар и дома и во гости.
Куп финалето ќе се игра утре во Гевгелија со почеток од 20:30 часот, кога ќе го добиеме одговорот дали Проект ќе ги обедини титулите или пак Кеги Моби ќе се радува на Куп титула.
Александар Ванев, М-Нет