
ОО СДСМ Штип на денешната прес-конференција истакнаа забелешки во однос на управувањето со општинскиот имот. Претседателот на општинската организација, Павел Иванов, кажа дека, според нив, постојат пракси на давање под закуп и располагање со државна и општинска сопственост, при што недостигаат визија, отчет и поголема грижа за јавниот интерес.
„Денеска пред јавноста отвораме сериозно прашање за начинот на кој Иван Јорданов и оваа несопособна и неодговорна локална власт предводена од коалицијата ДПМНЕ- ЗНАМ управуваат со општинскиот имот. Со ДПМНЕ на власт сведоци сме на континуирана и срамна пракса на распродажба и давање под закуп на државна и општинска сопственост, без визија, без отчет и без грижа за јавниот интерес.“, кажа Иванов
Иванов додаде дека, според нив, локалната власт нема капацитет соодветно да управува со јавните ресурси и наместо развој, се прибегнува кон нивно располагање
„Очигледно е дека оваа неспособна власт нема капацитет да управува со јавните ресурси, па наместо да ги развива, таа ги распродава. Општинскиот имот не е ничија приватна сопственост. Тој им припаѓа на граѓаните на Штип.“, додава Иванов
Со ова, од ОО СДСМ Штип ја заокружија пораката дека, според нив, јавните ресурси мора да се користат во интерес на граѓаните и со поголема отчетност.
Иван Митев, М-Нет