
Денеска во Економскиот Факултет при УГД Штип се одржа свечено отварање на Меѓународната Стартап Академија, Настанот ќе трае три дена, почнувајќи денес, па до 25 април во Сабота. На настанот учествуваат средношколци од Македонија и Бугарија, како и студенти од УГД, кои како што истакна професор Дарко Лазаров ќе имаат можност за дебатирање и предлагаѓе на нови бизнис идеи. Како шти истакна Лазаров, преку ваквите иницијативи, младите добиваат можност да станат идни претприемачи и да ги реализираат своите идеи како реални стартап компании.
„Оваа Меѓнародна Стартап Академија треба да им овозможи на студентите да слушнат нови концепти за предприемништво и иновации, нови концепти за бизнис. Меѓутоа, во исто време преку активна дискусија, дебата да се креираат свои бизнис идеи. Тие биснис идеисо подршка од менторите кои се вклучени во програмата, да можат да се реализираат како реални бизниси. Ова секако е во целосна согласност со стратегијата и мисијата на Универзитетот „Гоце Делчев“, бидејќи станува збор за меѓународна Стартап академија, во која што ќе учествуваат студенти, средношколци од Македонија и Бугарија. Но, многу повеќе е во насока напорите на Универзитетот „Гоце Делчев“ да изгради еден еко систем, една платформа која што студдентите нема само да стекнуваат академски знаења и вештини кои ќе бидат во насокана на полесно вработување после нивното вработување на пазарот на трудот. Меѓутоа, многу повеќе ќе ги подготвиме нашите студенти да бидат идни бизнис лидери, да бидат успешни предприемачи и да бидат способни да креираат работни места и да основаат Стартап компании. Има неколку програми кои што во моментот се активни, кој што подржуваат кој што подржуваат формирање на Стартап компании од страна на млафи лица до 29 години. Меѓутоа ние градиме еден поширок еко систем,знаете дека неодамна ја почнавме иницијативата за формирање за иновациска центар во Штип во соработка со општина Штип и со Стопанската комора на Македонија, тие квалитетни бизнис идеи ќе бидат презентирани пред потенцијални инвеститори. Секако сите студенти кои што имаат вредни идеи ќе добијат пристап до финансирање на своите бизнис отворање Стартап компании.“- Дарко Лазаров, професор на УГД
Лазаров беше дециден дека постојат неколку активни програми кои ги поддржуваат младите до 29 години во формирање стартап компании, како дел од поширок екосистем што се развива од Универзитет „Гоце Делчев“. Во рамки на оваа иницијатива, се работи и на отворање иновациски центар во Штип во соработка со општината и Стопанска комора на Македонија, каде квалитетните идеи ќе се претставуваат пред инвеститори. Студентите со перспективни бизнис идеи ќе добијат поддршка и пристап до финансирање за нивна реализаци
„Академијата ќе обединува вкупно околу 50 млади кои што во овие три дена ќе работат на размена на бизнис идеи, иновација на бизнис идеите и стекнување на вештини за презентирање на тие бизнис идеи.“- Благој Трајков, координатор на американското катче во Штип
Учесничката Ања Ситновска беше јасна дека е задоволна што е дел од натпреварот, нагласувајќи дека има можност да стекне нови знаења за развој на бизнис идеи. Таа посочи дека работата во тим и менторската поддршка помагаат во унапредување на претприемачките вештини. Особено ја истакна вредноста на меѓународниот карактер на настанот, кој овозможува размена на различни искуства.
„Многу сум среќна што сум дел од овој натпревар, пред се нели за бизнис идеа. Овде се пријавив и сумсреќна што сум изберена во мојот тим бидејќи овде можеме да стекнеме многу нови знаења за да основаме бизниси и како да ја развиеме нашата бизнис идеа. Среќна сум што е интернационално бидејќи разменуваме разлучни искуства.“- Ања Ситновска, ученик
Преку знаење, менторство и меѓународна соработка, Академијата е предвидена да создава нова генерација подготвени претприемачи. Како што истакна Лазаров, сите студенти кои што имаат вредни идеи ќе добијат пристап до финансирање на своите бизнис отворање Стартап компании.
Дајана Сандева, М-Нет