Отворен и кариерен ден со над 50 компании и мнозина студенти денеска организираше УГД

Денеска во Штип се одржа отворен и кариерен ден , организиран од Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, младите имаа можност директно да се запознаат со студиските програми и кариерните перспективи што ги нуди универзитетот. Настанот собра повеќе од 50 компании, овозможувајќи им на студентите и идните студенти непосреден контакт со потенцијалните работодавачи. Ректорот Дејан Мираковски истакна дека целта е младите да добијат европско образование дома и да ги реализираат своите соништа.

„Го организираме овој ден како ден каде што сегашните студенти можат да се поврзат со компаниите , со работодавачите, а идните студенти да се запознаат со студииските програми, со можностите кои ги нуди универзитетот „Гоце Делчев“, и за нас ова е од огромна важност бидејќи на тој начин им овозможуваме на младите да ги реализираат соништата, да се запознаат со тоа што нуди нашиот универзитет, кој навистина многу вложува во подобрување на квалитетот на студииските програми , во подобрување во условите за студирање, во нивото на студирање, и пред се во можностите тие да бидат дел од Европскиот Универзитетски простор. Моментално овде има повеќе од 50 компании, мислам дека 54 точно се присутни, иако ние имаме договори со поголем број на компаниии. За среќа ние се држиме веќе трета година со благ посраст сме како Универзитет, јас веувам дека опциите, можностите кои и ги нуди Универзитетот и градот се на едно завидно нив, а посебно можноста за мобилност, за соработка со други европски универзитети, поедноставно кажано, тие можат да добијат европско образование, овде, дома.“- Ректор проф. д-р Дејан Мираковски

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, истакна дека развојот на градот е директно поврзан со развојот на универзитетот, при што локалната самоуправа активно работи на подобрување на условите за да го направи Штип попривлечен за студентите. Од Стопанската комора на Македонија, Татјана Штерјова нагласи дека компаниите треба да се гледаат како партнери во образованието, а не само како работодавачи. Таа потенцираше дека поврзувањето меѓу академијата и бизнис секторот е клучно за создавање подготвен кадар и одржлив економски развој.

Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

„Развојот на Штип е тесно зависен од комуникацијата и развојот на унивезитетот. Ние како локална самоуправа и како град согласно нашите надлежности соработуваме, логистички си помагаме, но инфраструктурно се труфиме да го подобриме нашиот град, за да биде нашиот град. За да биде нашиот град привлечен за студентите од страна.“- Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

„Тргнуваме од пермисата дека компаниите не се обични работодавачи, туку се повеќе треба да евалуираат како партнери во образовниот процес. Затоа е многу важно да ги зајакнуваме линковите за обезбедување на практична работа на студентите, на кадарот кој што се креира во академската заедница, за да тој биде спремен да влезе директно, да се активира на пазарот на трудот. Заради тоа особено внимание посветуваме на подржувањето, на линковите помеѓу академијата и бизнисот, заради тоа што тоа е клучниот параметар за да обезбедиме развој, иновации и дополнително додадена вредност во системот.“- Татјана Штерјова Душковска, оперативен директор за развој иновации и знаење во Стопанската комора на Северна Македонија

„Во моето досегашно студирање на УГД секогаш е имало професори а и асистенти, па и демонстратори кои своето време го жртвувале во името на студентите, бидејќи УГД е тука за студентите, а тој е и современ и дигитализиран.“- Ванеса Крстева, студент

„Сметам дека универзитетот нуди одлични можности за квалитетоно образование и професионален развој.“- Сара Љуботенска, ученик

Студентите посочија дека универзитетот нуди современи услови за студирање и силна поддршка од професорите и асистентите. Тие нагласија дека ваквата посветеност им овозможува полесно да напредуваат и да се развиваат професионално. Според нив, можностите за квалитетно образование и личен развој се една од најголемите предности што ги нуди универзитетот.

Овој настан се спроведува по трети пат до сега и е предвиден да ги запознае середношколците со универзитетските смерови и на студентите да им овозможи запознавање со бројни компании

Дајана Сандева, М-Нет