
Општина Штип е во комуникација со Влада на Република Северна Македонија за реализација на проекти како медицински факултет, студентски дом и довршувањето на клиничката болница, вели Иван Јорданов. Тој додава дека изградбата на студентски дом ќе помогне во решавање на недостигот од сместување. Истовремено, дел од потребите се покриваат преку изнајмување на приватни недвижности. Тоа носи дополнителен приход за граѓаните и придонесува за локалната економија. Јорданов е дециден дека проектите се важен чекор кон подобри услови за студентите и развој на градот.
„Имајќи во предвид дека со Валадата на Република Макединија комуницираме во насока на реализација проектот за изградба на медицински факултет, за изградба на студентски дом, за довршување на Клиничката болница. Сметам дека ова би бил проект кој ќе ја делумно задоволи потребата од сместувачки капацитет на територија на Општина Штип, но од аспект на локална економија, нашите сограѓани имаат дополнителен приход од изнајмување на недвижности. Така да, она што му фали на градот е можеби регистер на сместувачки капацитети за сите оние кои што ќе изнајмуваат свој недвижност, да има соодветен регистер кој ќе користи на универзитетот, ќе користи на градот. Ние како град нормално дека немаме единствено само ние надлежност по однос на ова прашање. Ова прашање отворено го комуницораме за да најдеме решение и подобрување на сосотојбата, а од аспект на инфраструктура секојдневно се работи на реализација за проекти кои верувам дека ја подобруваат инфраструктурата во градот и модернизираат услови за престој во нашиот град.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип
Јорданов е дециден дека она кое му фали на градот е всушност регистер на сместувачки капацитет, и дека ова прашање се комуницира со цел да се најде решение и да се подобри состојбата.
Јорданов е јасен дека целта е да се создаде поуреден и пофункционален систем кој ќе одговори на растечките потреби на студентскиот град Штип.
Дајана Сандева, М-Нет