Алушовски си замина од Пелистер по куп-поразот, Лембанов ја презема екипата до крајот на сезоната


РК Пелистер соопшти дека тренерот Стевче Алушовски поднел оставка од својата функција по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица. Раководството на клубот ја прифатило оставката и му се заблагодарило за досегашната професионална работа и ангажман на кормилото на битолскиот тим.
До крајот на актуелната сезона, првиот тим ќе го предводи досегашниот асистент Алексо Лембанов, кој ќе има задача да ја стабилизира екипата и да го извлече максимумот во завршницата од првенството.