Падот во текстилот го става Штип пред предизвик, властите со мерки се надеваат на нови инвестиции

Текстилниот сектор во истокот се соочува со пад, а очекувањата се дека во наредните пет години бројот на вработени може значително да се намали. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, одговарајќи на новинарско прашање ситуацијата, вели дека Владата и Министерството за економија континуирано спроведуваат мерки за поттикнување вработувања и инвестиции. Тој нагласи дека очекува овие мерки да придонесат за зголемен интерес кај инвеститорите. Според него Штип има услови за тоа, особено во делот на кадар и инфраструктура. Јорданов вели дека целта е овие потенцијали да им се понудат на инвеститорите за градот да продолжи да се развива.

,,Од она кое што досега сме го комуницирале со ресорното министеерство со министерството за економија, секоја година преку ова министерство и Владата се спроведуваат мерки за нови вработувања и за мотивирање на нови инвестиции. Јас се надевам дека преку овие мерки, како и преку идни мерки кои што ќе бидат проследени и имплементирани, дека ќе се зголеми бројот на инвестиции во нашиот град. Има услови за да тоа биде така и од аспект на соодветен кадар, затоа што за да одреден сопственик на капитал се одлучи да инвестира во одредено место, во одреден град е потребно да има соодветен кадар, кои што ќе го движи и ќе го развива тој капитал. Штип има инфраструктура за тоа , благодарение на универзитетот и кадрите. Верувам дека преку мерките ќе успееме да она кое што го поседуваме, да го понудиме на потенцијалните инвеститори и сопствениците на капитал за да градот продолжи да се развива “, кажа Јорданов

Дополнително, на прашањето кои профили недостигаат на пазарот на труд во Штип, Јорданов посочи дека најдефицитарен е инженерскиот кадар, според неговите информации.

,,Од она што го имам како првична комуникација, инжинерскиот кадар е оној кој што најповеже е дефицитарен. Верувам дека трудоинтезивната дејност е дејност која што го намалува интезитетот на работа, не само заради намалување на профитот, туку и за се помалиот број на работоспособна односно заинтересирана работна сила во овој сектор. Имајки ги овие податоци, сигурен сум дека инвестициите ке се движат во сектори каде што ке најдат посоодветен кадар и полесно ке можат да се прилаагодат на пазарот на труд.”, додава Јорданов

Она што останува понатаму да се види е дали овие мерки навистина ќе донесат нови инвестиции во Штип. Во меѓувреме, најголем предизвик останува недостигот од стручен кадар.

Иван Митев, М-Нет