Како ќе изгледаат баражите за Втора лига?

Веќе пополека се наѕира како ќе изгледаат баражите за Втората македонска фудбалска бидејќи веќе станува и јасно кои екипи се потенцијални кандидати за баражите.

Три второлигаши и петте шампиони во Трета лига ќе бидат во второлигашките бараж, победниците ќе бидат дел од Втора лига за сезона 2026/2027, а пак поразените ќе бидат во Трета лига.

Од второлигашите веќе станува јасно дека Каменица Саса и Тетекс сигурно ќе играат бараж за опстанок, како и Кожуф. На овие три екипи во баражот ќе им се приклучат и шампионите од Трета лига, а од веќе е јасно оти ќе биде Борец од Трета лига – Југ, Еуромилк ГЛ од Трета лига – Север, Камјани го чува врвот во Трета лига – Запад каде единствен конкуренти му е Влазерими од Кичево, во Трета лига – Исток се води борба меѓу Овче Поле и Победа Валандово, а пак во Трета лига – Југозапад на врвот е Влазними со 31 бод, пет повеќе од второпласираниот Славеј и шест повеќе од Могила која е трета.

Останува најголемата дилема во Истокот, додека пак во другите региони веќе пополека се добиваат шампионите. Откако ќе заврши сезоната, преку ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија ќе се одлучат паровите.

Колку за потсетување, Втората лига од следната сезона наместо 16 екипи ќе брои 14, а потоа се планира намалување на 12 екипи, а пак Прва лига од 12 за следната сезона се крати на десет екипи.

Александар Ванев, М-Нет