
Кошаркарките на актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица, како и Вардар имаат почетна предност во полуфиналните серии од плеј-офот на Првата женска кошаркарска лига, додека пак Бадел и Крива Паланка бараат реванши односно израмнување во полуфинална серија.
Иако, кошаркарките на Вардар не беа фаворити, сепак направија „брејк“ на гостувањето кај фаворизираната Крива Паланка и имаат почетна предност, а сега на домашен терен и со силна поддршка од верната публика ќе се обидат да дојдат до уште една победа што би значело влез во финалето.
Кошаркарките на Бадел, исто така ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат против Баскет Кам, односно да се обидат пред својата публика да го совладат актуелниот шампион. „Рударките“ како фаворити одат по нова победа и со тоа да го обезбедат финалето и да водат борба за одбрана на шампионската титула.
Натпреварите се играат вечерва.
Александар Ванев, М-Нет