
Со интонирање на ромската химна, подигнување на ромското знаме, читање ромски творби и доделување ваучери, во Штип денеска се одбележа 8 Април – Светскиот ден на Ромите. Настанот се одржа во Општина Штип во присуство на градоначалникот Иван Јорданов, како и останатите претставници на општината, училиштата, градинките, универзитетот, како и ученици и студенти од Штип . Во фокусот и годинава беше образованието како клучен фактор за подобра иднина. Најуспешните основци, средношколци и студенти Роми добија вредносни ваучери како признание за нивниот успех.
,,Во Општина Штип се организираше свечено одбележување на денот на ромите 8 април, каде што на јарбелот на општината беше поставено ромското знаме, во однос на одбележувањето на идентитетот на ромската заедница. Беа интонирани 2 те химни, македонската и ромската. Исто така во свечената сала на Општина Штип се одржа настан каде што заедно со градоначалникот на општината и соработниците, кажавме повеќе околу историјата на ромите. Продолживме со презентирање на ромски творби од страна на учениците од основните и средните училишта. Понатаму продолживме со доделување ваучери од страна на градоначалникот за најдобрите уечниците од основните, средните училишта и од УГД Штип.“, вели Адемов
Со цел поголема интеграција на ромската заедница, Општина Штип ги наградува најуспешните ученици, изјави градоначалникот Иван Јорданов, нагласувајќи дека институциите работат на намалување на дискриминацијата
,,Секоја година Општина Штип доделува признанија до најуспешнитеу ченици во основните и средните училишта, како и на универзитетот, со цел да се мотивираат преку образованието да се полесно интегрирааат сите претставници на ромската заедница во општеството. Верувам дека институциите работат на она што е како појава, а тоа е дискримнацијата на ромите. Подобрување на нивниот социо-економски статус.“, вели Јорданов
Инаку меѓународен ден на Ромите е прослава на ромската култура и подигнување на свеста за проблемите со кои тие се соочуваат. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници.
Иван Митев, М-Нет