Аделин Казимов кариерата ја продолжи во хрватски нисколигаш

Фудбалерот Аделин Казимов кариерата ја продолжи во ОСК Омишаљ, се работи за хрватски тим кој се натпреварува во локалните фудбалски лиги.

24-годишниот фудбалер во хрватскиот клуб пристигна од редовите на македонскиот второлигаш Вардар Неготино, а претходно беше дел од Детонит Плачковица, Осогово, Локомотива од Градско, а кариерата ја започна во школата Јанг Бојс од Неготино.

Неговиот трансфер во нисколигашот од Хрватска се реализираше со менаџерот Ирфан Кајоли.