Штипјани ќе одмараат – службена победа за Текстилец, Овче Поле на тешко гостување кај Драчево Јуниор

Утре и во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 21. коло на Првата ракометна лига, а во рамки на истото ракометарите на Текстилец УГД принудно ќе одмараат откако тимот на Кичево беше исфрлен од натпреварување со одлука на Ракометната федерација на Македонија, но за овој одмор штипските ракометари службено ќе го добијат мечот.

Во рамки на оваа коло слободна ќе биде екипата на Мулти Есенс.

Утре, Аеродром на домашен терен ќе има тешка задача против Вардар Неготоно, а пак Овче Поле го очекува тешко гостување кај Драчево Јуниор. Тимот од Свети Николе ќе се обиде да го изненади домаќинот кој ќе биде фаворит.

Во недела Преспа на домашен терен ќе игра против Партизан, Шампион ќе го пречека тимот на Македонија ЃП, а пак Младост од Богданци ќе игра против Јехона.

Александар Ванев, М-Нет