Oсум ректори од Европската алијанса, втор ден го посетуваат УГД во Штип, денеска беше одржан состанок за формирање заедничко правно лице

Осум ректори од универзитети членки на алијансата втор ден престојуваат во Штип и го посетуваат Универзитетот „Гоце Делчев“ . Денеска тие одржаа состанок со ректорот Дејан Мираковски, на кој се разговараше за формирање заедничко правно лице и за организација на идните активности на алијансата. Како што изјави Мираковски, правното лице се планира да биде регистрирано во Брисел, а во текот на наредната година да стане целосно оперативно.

“Денеска е вториот ден од настаните кои што се одвиваат во текот на оваа недела. Тука се сите ректори од 9 те партнерски универзитети. Во моментот ги разговараме оперативните организациони активности околу формирањето на заедничкото праввно лице, т.е дефинирање на статутот на тоа правно лице, до потпишување на договорите за формирање на правното лице, како и придружните документи од аспект на лични податоци, заштита на личнитеп одатоци, органиација на сите активности, кои што се потребни за да се реализира и профункционира правното лице во иднина. Истовремено се разговара како што кажав на повеќе активности, организација студиски програми, ќе почнеме најверојатно со докторски студии во областа на здравството, пред се мобилности, начинот на размена на подобрување на мобилностите и на студентите и на персоналот.“, вели Мираковски

Останатите ректори од Литванија и Полска, кој беа на состанок велат дека целта на целата соработка е зближување помеѓу универзитетите, со тенденција тоа да биде трајно. Велат досега има 64 европски алијанси, а особено постои голем интерес за применетите науки.

,,Креирањето на европските универзитетски алијанси претставува додадена вредност во рамките на европската унија. Досега има 64 европски алијанси и особео постои голем интерес за применетите науки. Преку конструрирање на овој заеднички интитет ние даваме кохезија, ги слотуваме нашите ресурси, се со цел направиме нешто повеќе и што ќе виде позначајно во рамките на високото образование.“, вели Герецкена

„Целта е зближувањето помеѓу универзитетите да го направиме трајно.“, вели Мархушевски

Инаку, состанок се одржа во ректороатот при УГД Штип, а на истиот дополнително се зборуваше и за мобилноста, начинот на размена н подобрување на мобилностите и на студентите и на персоналот.

Иван Митев, М-Нет