Марјан Секуловски нов тренер на Пелистер, ќе го води тимот до крајот на сезоната

ФК Пелистер повикува на обединување во последните два месеци од сезоната за исполнување на клупските цели. Нивната идеја е сите структури во клубот и градот да пулсираат исто за на последните девет натпревари оваа сезона Пелистер биде оној вистинскиот.

Затоа решението за излез од кризниот период Пелистер го побара во сопствените редови. Како и сите големи клубови се потпреа на оние кои најдобро знаат што е Пелистер, како се менаџира тежок период во клубот и кој е патот за излез од кризата.

Секуловски е дете на клубот, долги години играше и во водеше тимот, а својата професионала кариера го однесе во Победа, 11 Октомври, Новаци, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Брегалница, Мјанмар, Малдиви, Бангладеш…

Секуловски во изминатите 8 месеци во клубот е поставен како координатор на школата.

53-годишниот Секуловски в среда ќе го одржи првиот тренинг, а ќе дебитира на 4 април против првакот Шкендија.