Сува трева предизвикала пожар во деловен објект во близина на село Карбинци, причинета материјална штета

Сува трева предизвикала пожар во деловен објект во близина на село Карбинци, причинета голема материјална штета. Пожарот според информациите на командирот од ТППЕ Благој Ренџов се слуич во 14:20 минути, а во моментот се врш догасување. На лицеместо интервенираат екипите на ТППЕ Штип две противпожарни возила. Пожарот најпрво настанал на сувата трева околу објектот, па потоа бил зафатен објектот.

,,Сува трева и помошен дел од магацинот, каде што чуваат стари работи, како гајби и неупотребливи црева. Во 14 и 20 е локализиран, а вршиме и докагсување. На лице место се две противпожарни возила. Материјална штета има. Пожарот е настанат од сува трева, по што го зафатил објектот. “, вели Ренџов

Според информациите на командирот Благој Ренџов, истиот објект гореил и претходната година.

Иван Митев, М-Нет