
Сува трева предизвикала пожар во деловен објект во близина на село Карбинци, причинета голема материјална штета. Пожарот според информациите на командирот од ТППЕ Благој Ренџов се слуич во 14:20 минути, а во моментот се врш догасување. На лицеместо интервенираат екипите на ТППЕ Штип две противпожарни возила. Пожарот најпрво настанал на сувата трева околу објектот, па потоа бил зафатен објектот.
,,Сува трева и помошен дел од магацинот, каде што чуваат стари работи, како гајби и неупотребливи црева. Во 14 и 20 е локализиран, а вршиме и докагсување. На лице место се две противпожарни возила. Материјална штета има. Пожарот е настанат од сува трева, по што го зафатил објектот. “, вели Ренџов
Според информациите на командирот Благој Ренџов, истиот објект гореил и претходната година.
Иван Митев, М-Нет