Ќе се реконстуираат касарните во државата, само 17 проекти се очекува да стартуваат оваа година

Ќе се реконстуираат сите касарни во државата, потврди денеска од Штип министерот за одбрана Владо Мисајловски. Само 17 проекти се очекува да стартуваат оваа година, а околу 10 милиони ера се планира да се вложи дирекно во инфраструктурата. Денеска на промовирањето на објектите 34 и 35 во касарната Јане Сандански во Штип, тој нагласи, целта е да се реконструираат капацитетите, што ги има министерството, кои според него не билиле допрени во минатите години.

,,Денеска можеме да видиме еден целосно готов објект , но и еден кој што е речиси до 70 проценти завршен. Очекувам дека во следниот месец комплетно ќе биде завршен овој објект. Објекттие 34 и 35. Со овие услови покажуваме дека целосно се грижиме за нова модерна инфраструктура. Ова се само дел од објектите кои што ги реконструираме. Како што можете да видите комплетно нова рекострукција, а ова ќе го правиме во сите касарни. Постојано вложуваме во нови проекти. Овие два објекти чинат од прилика еден милион евра, а паралено ќе ги работиме во сите касарни, но и многу други објекти.“, рече Мисајловски

Мисајловски наброи само дел од проектите, кои според него се значајни, а наведе и нови, кои се очекуваат во текот на годината.

,,Околу 17 нови проекти очекуваме оваа година да започнеме, а заедно оваа година и наредната преку 10 милиони евра планираме да вложиме дирекно во инфраструктурата. Да ги реконструираме сите овие капацитети, што ги имаме како министерство за одбрана, каде што со години не беа пипнати.“, вели Мисајловски

Мисајловски од Штип остави порака, во наредните години граѓаните ќе можат да видат многу нови објекти и проекти. Се планира и нови капацитети, а и подобра едукација. Ќе бидат задоволени потребите на сите касарни.

Иван Митев, М-Нет