Стрништата во кочанско горат, надлежните со интервенции и апел, за земјоделците единствен начин за обработка на нивите

Пред почетокот на новата сеидба на оризот во кочанско, и годинава се палат земјоделските остатоци. Секојдневна е сликата на запалени стрништа покрај патот и во самите ниви, чад, и уште почесто интервенции од страна на надлежните од ТППЕ Кочани. Но, земјоделците кои со години се занимаваат со ориз велат неопходно е земјоделските остатоци да се палат за да може да се собере сламата од нивите, и да продолжи да се работи.

„Од стрниште од ориз никогаш не е имало проблем. Оти ако не се запале и не не се обработи земјата не може да се извади сламата“ – вели Арсов.

Од друга страна од ТППЕ Кочани постојано се на терен и со дрон прават обиколки за да проверат каде има запалено стрниште за да се реагира навремено. Дополнително лицата кои потпалуваат се пријавуваат во полиција. Командирот, Драган Апостолов, апелира до земјоделците да не ги палат земјоделските остатоци со цел да не се предизвика пожар на отворено.

И градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево, Јорданче Костадинов упати апел до земјоделците нивите даги обработуваат на друг соодветен начин, а не со палење на земјоделските остатоци.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет