
По одземањето на лиценците за производство на марихуана на шест компании, во наредниот период ќе се одземат на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании.
“Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира.”, изјави Алиу.
Претходно на 24 февруари, министерот Алиу на прес-конференција информираше дека на шест компании се одземени лиценците, а од кои четири фирми се дел од скандалот со шверцот на марихуана.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има отворено истрага за шест лица поврзани со петте тони марихуана, кои беа пронајдени во Коњух, а излегле од Македонија преку граничниот премин „Табановце“
Иван Митев, М-Нет